ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

САД и ЕУ очекуваат одлука на Собранието во Скопје „за да се оди напред“

САД и ЕУ очекуваат одлука на Собранието во Скопје „за да се оди напред“

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел го повикаа Парламентот во Скопје да донесе одлука со која земјата ќе оди напред кон евроинтеграцијата.

Во заедничка изјава, Борел и Блинкен велат дека во критичен момент за европската историја, додека трае руската агресија против Украина и клучно за целиот европски континент е Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори со ЕУ.

„Го поздравуваме компромисниот предлог кој ги зема предвид интересите и грижи и на Северна Македонија и на Бугарија, врз основа на меѓусебна почит, доверба и разбирање. Суверенaта одлука на парламентот на Северна Македонија ќе биде важна да се оди напред,“ се вели во изјавата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button