ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

САД и ЕУ повикуваат на национален консензус за евроинтеграциите

Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што е услов за отворање на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, откако вчера го усвои Деловникот за работа, ќе почне да се состанува еднаш неделно, по потреба и почесто. Целта е да се изготви предлогот и да се достави до Владата во предвидената временска рамка, согласно процесите на Европската Унија.

На обединување на политичките чинители во државава околу уставните измени деновиве повикаа и САД и ЕУ, како и актуелниот претседавач со Унијата, Шведска.

Американската амбасадорка Анџела П. Агелер во интервју за МИА на опозицијата и порача дека може да се биде или „за“ или „против“ ЕУ, во однос на нејзиното барање прво предвремени избори, па потоа разговор за уставни измени. Таа нагласи дека движењето на Северна Македонија на патот кон ЕУ има временска рамка, поставена од самата Унија, односно одржување на следната меѓувладина конференција, во ноември, но со усвоени уставни измени..

На обединување за уставните измени повикаа и евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин. Тие во четвртокот на панел дискусија повикаа да се изгради национален консензус за евроинтеграциите на државава, како и поларизираноста во политичката дебата во Северна Македонија да се замени со конструктивен политички дијалог.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button