РЕГИОН

САД со осуда за нападите врз косовската полиција

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД силно ги осудуваат нападите врз косовската полиција на северот на државата. Тој ги повика владите на Косово и Србија да ги намалат тензиите и повика сторителите на ова злосторство да одговараат преку транспарентен судски процес.

Advertisements

„Ги повикуваме владите на Косово и Србија да се воздржат од какви било активности или реторика што може дополнително да ги подгрее тензиите и веднаш да работат во координација со меѓународните партнери на деескалација на ситуацијата, обезбедување безбедност, владеење на правото и враќање на дијалогот со посредство на Европската Унија“, рече Блинкен.

Во меѓувреме, европскиот посредник во дијалогот, Мирослав Лајчак, најави дека во наредните денови ќе се фокусира на изнаоѓање начин како процесот да продолжи да се движи напред. За нападот врз полицајците искоментира дека е чин на кукавичлук.

„Ваквиот кукавички чин на насилство е длабоко вознемирувачки и се коси со самите принципи за мир и соработка. Моето срце е со жртвите, нивните семејства, пријатели и колеги. Овој ужасен напад дополнително ја нагласува потребата од дипломатија и превентивен дијалог“, рече Лајчак.

Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретнаа на 14 септември во Брисел, но не постигнаа никаков договор за некаков чекор за нормализација на односите. Курти потоа го обвини Лајчак дека на средбата се позиционирал против Косово и оти предлозите на Србија ги трансформирал во европски предлози.

Семра Мусаи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button