СВЕТ

САД стигнаа до 50 отсто целосно вакцинирано население, објави Белата куќа

Половина од американското население веќе е целосно вакцинирано против Ковид-19, а бројот на вакцини се зголемува како одговор на ширењето на Делта сојот, соопшти Белата куќа.

„Педесет отсто од Американците (од сите возрасти) веќе се целосно вакцинирани. Продолжете така“, изјави Сајрус Шахпер, кој е одговорен во Белата куќа за податоците од ковид-19.

Тоа значи дека повеќе од 165 милиони луѓе примиле или две дози на вакцините на „Модерна“ и на „Фајзер“, или вакцината на „Џонсон и Џонсон“ која се прима во една доза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button