ВЕСТИСВЕТ

САД во мај ќе прогласат крај на пандемијата на ковид-19

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе прогласи крај на здравствената криза предизвикана од ковид-19 на 11 мај, три години откако САД воведоа строги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на болеста.

Вонредната состојба и јавната здравствена криза во земјата поради пандемијата на коронавирус беше прогласена во 2020 година од администрацијата на претседателот Доналд Трамп во тоа време, но Бајден ја продолжуваше, што им овозможи на милиони Американци да добијат бесплатно тестирање, вакцини и лекови против ковид-19.

Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа соопшти дека вонредната состојба ќе биде продолжена до 11 мај, а потоа ќе заврши.

Откако ќе истече вонредната состојба, луѓето со приватно осигурување ќе имаат одредени трошоци за вакцини, тестови и лекување, додека неосигурените ќе треба да ги платат тие трошоци во целост.

Извор: Reuters

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button