ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сали: 81 % нема транспарентност во управувањето со средствата во општина Чаир

Кандидатот на АА – Алтернатива за градоначалник на Чаир, Беким Сали, во емисијата 200, рече дека општина Чаир немала транспарентност во текот на овие 16 години, притоа нагласувајќи дека имало манипулации со буџетот, пишува Алсат.

Тој рече дека кога ќе дојдат на чело на оваа општина, ќе видат се што е направено.

„Поминаа 16 години и Чаир беше управуван со буџет од околу 80 милиони евра во текот на 16 години и ги молам жителите да кажат дали се гледа нешто што е инвестирано овие години. Ако ништо не е инвестирано, тогаш имало манипулација. Сето ова ќе го видиме кога ќе го преземеме раководството на општината и ќе соработуваме. Имаме податоци од различни невладини организации, а овие податоци покажуваат дека општина Чаир има 19 % транспарентност, што значи дека 81 % нема транспарентност во управувањето со финансиските средства во оваа општина“, рече Сали.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button