ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сали: Досега нема починати пациенти кои се вакцинирале со трета доза и имале коморбидитет

Министерството за здравство нема евиденција дека починал пациент кој се вакцинирал со трета доза, а имал и коморбидитети. Ова денеска го изјави министерот, Беким Сали, по примопредавањето на 250.000 дози „Фајзер“ од Италија. Министерот со апел го граѓаните – вакцинирајте се.

„Сè уште немаме евиденција на починати лица коишто примиле трета доза „Фајзер“, а имале и коморбидитети. Значи, нека биде уште еднаш апел до сите наши граѓани, ги молиме сите кои имаат коморбидитети што побрзо да се уптат кон вакциналните пунктови и да се заштитат“, изјави министерот Сали.

Иако земјва денеска доби донација од 250.000 вакцини, кон крајот на месецов треба да уништи 300.000 дози на „Фајзер“ поради истечениот рок на нивното траење. Министерот уверува дека државата нема скапо да ја чини нивното уништување.

„Една вијала којашто е шест дози на вакцини чини околу 0,29 денари. Мислам дека не треба да се прави одредена политика за уништувањето (на вакцините), колку е битно навремената и правилна вакцинација на нашиот народ“, изјави министерот Сали. /Алсат.мк

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button