МАКЕДОНИЈА
Салиу: Нема да ветуваме нови работи без да ги зајакнеме постојните
Беким Салиу, кандидат за градоначалник на Куманово, од коалицијата АА / Алтернатива, во „Економски магазин“ на Алсат, рече дека тие како коалиција нема да прават спектакуларни ветувања, како што е вообичаено пред кампањите, туку ќе ги соберат проблемите на граѓаните и ќе се фокусираат во решавањето овие проблеми.
„Ќе се грижиме за чисто и зелено Куманово, бизнисите нема да бидат изоставени, ќе имаме развиена економска зона. Нема да ветуваме нови работи без да ги зајакнеме постојните. Нашиот фокус е на најквалитетното образование и условите за студентите“, рече тој.