ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Самит „Македонија 2025“ во Скопје: Како да се избегнат кризите и да се подобри животниот стандард на граѓаните

Невладината организација „Македонија 2025“ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-от Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ, кои ќе учествуваат на панелот „Градење просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“.

Според организаторот, фокусот на Самитот ќе биде се она што може да се направи за да се избегнат кризите и да станеме попродуктивни и со тоа да се подобри животниот стандард на граѓаните и деловното опкружување за бизнисите.

„Самитот почнува со економски теми и со разгледување на тековните проблеми и она што се случува во Западен Балкан, а потоа ќе поминеме на темите за кои мислиме дека ќе донесат подобра иднина. Сакаме да покажеме и успешни приказни од бизниси од Македонија и од регионот. Очекуваме околу 40 говорници и околу 400 гости. Главната тема на самитот е поврзана со дигитализацијата и технологиите и како тие носат кон компании, работна сила и администрација на иднината, односно како може да помогнат да станеме поефикасни и попродуктивни и да се подобри животниот стандард“,

вели Никица Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор на „Македонија 2025“.
И годинава на Самитот ќе учествуваат креатори на политики, лидери на компании, членови на дипломатскиот кор и на меѓународни организации и претставници на академската и граѓанската заедница. Ќе доминираат говорници од Западен Балкан и Југоисточна Европа, како и претставници од македонската дијаспора, главно од САД и Канада.

На Самитот ќе се дискутираат актуелни теми, како што се дигитализацијата, развојот на технологијата, важноста на лидерството, градењето глобални брендови, дигиталните општества, работните места и човечкиот капитал, како и блок-чеин технологиите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button