ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкции за 237 возачи на мотоцикли

При акциска контрола на територија на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли што се спроведе од 3 до 8 мај, санкционирани се 237 возачи, соопшти МВР.

Од нив, посочуваат од МВР, дури 142 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 53 возеле без возачка дозвола, 16 возеле со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возеле под дејство на алкохол при што од сообраќај се исклучени 42 возачи. Санкционирани се и други прекршоци.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button