ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкционирани 132 возачи во Скопје, 36 за брзо возење

На територија на градот Скопје вчера беа изречени вкупно 132 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, што ги спроведува МВР. Изречени се 36 мерки за непочитување на брзината на движење, а 33 за непрописно паркирани возила.

Шест санкции се изречени за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, а седум за користење на мобилен телефон. Три мерки се изречени за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен семафор.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button