ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкционирани 196 возачи за брзо возење

Санкционирани 196 возачи за брзо возење

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле казнети 196 возачи.

– Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button