ВЕСТИСВЕТ

Саркози денеска пред суд под обвинение за корупција

Поранешниот француски претседател Николас Саркози денеска ќе се појави на суд поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание.

Ова е прв случај на неколку истраги против десничарски политичар кој ја водеше Франција помеѓу 2007 и 2012 година, па тој ќе се појави пред судијата по неколку години обиди за повлекување или поништување на обвиненијата, пренесува „Гардијан“.

Во случајот познат како „афера со прислушување“, обвинителството тврди дека Саркози и неговиот адвокат Тиери Херцог се обиделе да го подмитат судијата Гилберт Азибер за да му предадат тајни информации од посебната истрага против поранешниот француски лидер.

За возврат, Саркози е обвинет дека му понудил на Азибер да му обезбеди пријатно работно место на Азурниот брег.

Саркози е цел на низа правни истраги – од обвинувањата дека починатиот либиски лидер Моамер Гадафи нелегално ја финансирал својата кампања до примање наводен мито од продажба на оружје во Пакистан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button