ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ би можело да се преименува во Социјалдемократи од Северна Македонија, вели Заев

Придавката – „Северна“ во името на СДСМ ќе влезе на следниот конгрес на партијата, најави премиерот и лидер на владејачката партија, Зоран Заев. Во одговор на новинарско прашање – кога партијата ќе го смени името, со оглед дека е финансирана од државата и е законски обврзана да го користи уставното име Заев рече:

„Тоа не можеме на Извршен одбор или на Централен. За тоа одлучува Конгресот на партијата, којшто ретко се свикува. Од уставните промени сме одржале само еден, онлајн… Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Дури дадовме и информација во делот на новото име – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи…“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button