ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ ќе објави имиња на кандидати за градоначалници

Владејачката СДСМ вечерва ќе објави имиња на дваесетина кандидати за градоначалници, кои треба да се натпреваруваат на локалните избори планирани за наесен. Претходно ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која треба да бидат потврдени имињата на кандидатите.

Засега во јавноста беше потврдено дека за градоначалник на Скопје повторно ќе се кандидира Петре Шилегов. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на локален настан во Валандово објави кандидатура на тамошниот актуелен градоначалник, Перо Костадинов, а според информации во партијата извесно е дека повторно кандидати за градоначалници ќе бидат кандидирани и актуелните први луѓе на Ресен и Крушево. Од партијата велат дека е рано да се соопштат кандидатите за градоначалници на скопските општини.

СДСМ во изминатиов период го засили присуството на терен, преку маалски средби и граѓански трибини, под слоганот „Најдоброто за нашата општина“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button