ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мнозинството во Собранието и владината коалиција функционираат стабилно

По најавата дека политичката партија ЛДП, дел од владината коалиција, донела одлука самостојно да делува во Собранието, од СДСМ излегоа со соопштение дека владиното мнозинство и натаму е стабилно.

Мнозинството во Собранието и коалиција во Владата се стабилни, посветени на реализација на  утврдените цели и програми, во интерес на граѓаните. ЛДП има право самостојно да одлучува за својот партиски пристап кон јавноста, но тоа никако не влијае во односите на коалицијата и активностите што се пред нас. Постојаното пласирање лажни вести се само за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Инаку ЛДП во Парламентот е застапена со двајца пратеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button