ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ нема да ги поддржи и нема да ги гласа интерпелациите

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) нема да ги поддржи и да гласа за интерпелациите што денеска се на дневен ред на собраниската седница, а кои се поднесени од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Advertisements

Ставот на пратеничката група денеска пред почетокот на седницата го истакна координаторот Оливер Спасовски.

Тој рече дека од СДСМ сметаат дека нема потреба да има нови поделби по етничка основа во однос на интерпелациите.

„Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување на било какви меѓуетнички тензии и отворање на можности за поделби помеѓу граѓаните. Доколку намерите на подносителите биле вистински причините за интерпелациите не смееле во ниту еден случај да бидат поврзани со етнички контекст туку да бидат единствено со аргументи и со факти за работата на одреден министер или функционер. А, за жал аргументи, факти има колку сакате за да најдете причина за било каква интерпелација“, рече Спасовски.

Во однос на петтата интерпелација што денеска ќе се разгледува во Собранието, а е за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути поднесена од Левица, Спасовски не даде конкретен одговор околу ставот на СДСМ, но рече дека нејзиното изгласување нема да го реши проблемот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button