СДСМ оценува дека буџетот за 2025 година е нереален и неразвоен. Од таму велат дека со буџетот граѓаните ќе се задолжат за следните три поколенија, растот и продуктивноста на буџетот ќе бидат на минимум, зголемување на непродуктивните трошоци , како и кратење на капиталните расходи во здравство и образованието.
Во спротивно СДСМ нема да го поддржи буџетот за 2025 година.
ВМРО-ДПМНЕ немаше одговор на обвинувањата и најавите на СДСМ. Од утре почнува расправата за предлог-буџетот за следната година . Владата за следната година предвиде буџет од 5,8 милијарди евра. Според премиерот Христијан Мицкоски, буџетот е развоен и дека ќе донесе до економско стабилизирање на државата.
Алсат