ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ незадоволна од Алијанса и БЕСА за „20%“, не било време за уцени

СДСМ незадоволна од Алијанса и БЕСА за „20%“, не било време за уцени

Евентуалното условување од страна на некои албански партии на уставните измени за вклучување на бугарската заедница со бришење на терминот 20% кој ја дефинира употребата на албанскиот јазик, СДСМ би го сфатило како уцена. Тие остануваат на ставот дека бришењето на „20%“ можело да се отвори како тема, но сега не бил моментот за тоа.

Од ВМРО-ДПМНЕ не коментираат за бришењето или останувањето на „20%“, но лидерот Христијан Мицкоски вели дека сега нема ни воопшто да се отвора Уставот.

Од Алијанса за Албанците за Алсат брифираат дека сметаат оти е неопходно да се избрише терминот „20%“ во Уставот и тој да се замени со терминот „албански јазик“. Не се откажуваат од ставот на лидерот на партијата Арбен Таравари и министерот за правда Кренар Лога.

Вакво барање писмено до Министерството за правда достави и Движењето Беса. Двете партии имаат вкупно 10 пратеници, што би го отежнало процесот на уставни измени за вклучување на Бугарите, доколку ова нивно барање прерасне како предуслов за тоа./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button