ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити функционер на власта

Шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити функционер на власта, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) откако вчера од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека ќе биде поведена дисциплинска постапка за шест полициски службеници што на 17 август годинава на граничниот премин „Блаце“ ја пропуштиле да помине делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Advertisements

„МВР ги потврди сите информации кои ги објави СДСМ, јавно, на прес конференција. Се случува класична местенка за да се заштити функционер на власта“, се вели во соопштението од СДСМ.

Според нив, срамно и нечовечно е вината за скандалите на границата и пропуштањето на сватовите на Гаши, владејачката ВМРО – ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да им ја калемат на полицајците што работат на граничниот премин.

„За шестмина полицајци, МВР предлага постапка за утврдување одговорност. Наместо одговорност да се побара од началникот Рамука, кој ги давал наредбите, се казнуваат невини, чесни луѓе. Ова е брука и срамота“, додаваат од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button