ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со навремени мерки го штитиме стандардот на граѓаните

Поради глобалната енергетска криза ширум светот расте цената на струјата. Во Италија цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти, велат од СДСМ.

„Со навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на нашите граѓани со најмало поскапување на струјата од 9,48 проценти. Актвирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја значително придонесе за тоа. За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања обезбедени се средства за помош на ранливите семејства. 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари за субвенционирање на сметките за струја“, се вели во сопштението на СДСМ.

Според ова партија во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра, во наредниот период ќе следуваат и други антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството.

„СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство коишто ги предводи ќе продолжи со носење и реализарање мерки и политики кои се со цел ублажувње на последиците од глобалната енергетска криза“, се наведува во сопштението на САДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button