ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок две милијарди евра

Портпаролката на Социјалдемократскиот сојуз, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција алармираше за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со кој, како што додаде, се ветува мегапроект без основа, се зголемува цената однапред, се отвора пат за перење пари и за богатење на партискиот врв.

Advertisements

Посочи дека пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ за пругата на Коридорот 10, кој е без план, без документација, без јасни рокови, но со веќе позната цена од две милијарди евра.

„За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист хартија, но веќе се знае колку ќе чини. Ако нема проект, ако нема студија, ако нема анализа на трасата – како се дојде до бројката од 2 милијарди евра? Кој и врз основа на што ја пресметал?“, праша таа.

Според неа, одговорот се наметнува сам, се пресметува провизијата, а не трошокот.

„Во целата таа матрица на измама, Мицкоски вели пругата ќе почне до крајот на годината, а министерката Кочоска изјавува дека нема да почне ни до 2027 година. Дали ова е координирано лажење на јавноста или само доказ дека во Владата владее хаос и нема контрола над сопствените лаги“, рече Кузеска.

Упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски:

„Како се знае дека пругата ќе чини 2 милијарди евра ако нема проект? Дали цената е договорена однапред со кредиторот? Кој ќе го добие тендерот? И по кои критериуми? Дали јавноста ќе види физибилити студија? Или пак, ова е уште една зделка во која ќе исчезнат милиони како во минатото“, рече Кузеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button