ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се бараат притвори за случајот „Плацови за ЕВН во Делчевско“

Се бараат притвори за случајот „Плацови за ЕВН во Делчевско“

Скопското обвинителство отвори истрага за продажба на земјишта на ЕВН. Осомничени се седуммина од кои двајца управители во ЕВН Електрани Македонија – Игор Гиевски и Мирослав Митровски. Тие, според истражните органи, го измамиле Управниот одбор на ЕВН за да купи земјишта во Делчевско на кои компанијата имала намера да постави фотоволтаици за производство на струја од сончева енергија.

„Намерно исклучиле дел од вработените лица кои поради нивната стручност било задолжително да бидат вклучени во постапката, а на дел од вработените им дале директни наредби и насоки за изготвување на cost benefit анализи за исплатливоста на инвестицијата, вметнувајќи невистинити податоци и прикривајќи ја реалната состојба“, велат од Обвинителство.

По ова, ЕВН купува земјоделски земјишта во Делчевско. Дел од нив не можат да се пренаменат во градежни, ниту пак исполнуваат услови за Министерството за економија да додели право на користење премии за струја од фотоволтаици.

„…Согласно одлуките на Надзорниот одбор и Управниот одбор на правното лице, парцелите биле купувани токму со таа намена“, нагласуваат од Обвинителство.

Но, за ова да се случи биле вклучени другите петмина осомничени. Едниот ги координирал управителите во ЕВН, другите четворица се јавуваат во улога на купувачи на парцели кои потоа ЕВН од нив ги купило. Како што претходно објави Алсат, од 30 селани биле купени вкупно околу 150.000 м2 и тоа за само 20.000 евра. Но, потоа истите тие парцели на ЕВН ѝ биле продадени за над 1,5 милион евра.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button