ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се ближи решението за проблемот со депонијата Русино

Општина Гостивар даде зелено светло за основање на заедничко претпријатие за управување со депонијата Русино. Гостивар го презеде овој чекор кога требаше да биде потпишана гаранција меѓу деветте општини, Министерството за екологија и Советот за протести „Стоп Русино“.

„Во основа, јас како граѓанин или ние, не би сакале оваа депонија да биде тука со овие стандарди или без стандарди, но времето за санирање на оваа депонија не е кратко, па ние, заедно со невладините организации и партиските претставници во Гостивар, решивме преку оваа компанија и Полошкиот плански регион да потпишеме документ и да гарантираме дека за пет години ќе се најде нова локација за депонијата”, вели Валбон Лимани Шеф на кабинетот градоначалникот.

Протестниот совет „Стоп Русино“ не верува во решавање на проблемите со формирање на оваа компанија. Инсистираат Министерството и општините во Полог да потпишат писмена гаранција дека за пет години депонијата ќе биде отстранета од Гостивар.

Гостиварци бараат затворање на депонијата.

„Треба да се затвори, нормално, но каде ќе ги пратиме,  некаде треба да го испраќаат тој отпад. Пречи, нормално како жители, ни пречи, но работата е што отпадот треба да се  фрла некаде, а државата знае колку државата се грижи за нас, но и ние сите тоа го знаеме“, вели еден жител.

Компанијата за управување со Русино, основана од деветте полошки општини, се очекува да биде спремна во јануари следната година. Не е познато дали дотогаш на другите општини ќе им биде дозволено да фрлаат отпад во Русино.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button