МАКЕДОНИЈА
Се истражува дали бегството на Артан Груби било организирано

Се истражува дали бегството на Артан Груби било организирано или не. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека има индиции за организирана криминална група, но тоа мора да се докаже. Полицаецот кој го пропушти Груби, е суспендиран и против него е поднесена кривична пријава.