ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се истражува евентуално присуство и на трето лице при убиството во Тетово

Одреден и е 30 дневен притвор на малолетната девојка, која го призна убиството на 16-годишното момче од селото Новосело- Желино. Освен девојката, од секторот за внатрешни работи Тетово, рекоа дека бил сослушан уште еден малолетник, но тој потоа бил пуштен дома.

„Во текот на вчерашниот ден во СВР Тетово биле повикани две малолетни лица, од кои едното е 17-годишно девојче кое признало дека е сторител на кривичното дело. По целосно документирање на случајот, судија на претходна постапка при Основниот суд Тетово и изрече мерка притвор во траење од 30 дена и истата е испратена во затвор Скопје, на издржување мерка притвор“, вели Фатмир Реџепи- портпаролот на СВР Тетово.

Причната истрага на обвинителството покажа дека убиството се случило по вербална расправија меѓу двете лица, по што девојката го нападнала момчето, а потоа неговото тело го фрлила во реката.

„Осомничената, 17-годишна девојка, со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години . По вербалната расправија во автомобилот кај местото викано „Бањиче“, таа со остар предмет го удрила оштетениот, нанесувајќи му тешки телесно повреди опасни по живот. Потоа го фрлила во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежен јавен обвинител до судот достави предлог за определувањето мерка притвор“, наведуваат од Основно обвинителство Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово нареди да се земат видео-снимки од камерата на уицата Бањиче, за понатамошно расчистување на случајот, а од семејството е одземен автомобилот „ауди“ управуван од 16-годишникот.

Според информации на телевизија Алсат, сега уапсената малолетничка најпрвин со остар алат го удрила сега починатиот 16-годишник, а потоа со завои го врзала за седиштето од автомобилот. Исто така, се дознава дека таа се обидела и да го полие момчето со бензин. Момчето, потоа го извлекла од автомобилот и го фрлила стотина метри подолу во коритото на реката Пена. Тетовската полиција се сомнева во вмешаност на трето лице во синоќешниот стравотен настан, за кој истрагата продолжува.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button