ВЕСТИСВЕТ

Се извини сопственикот на бродот што го блокираше Суецкиот канал

Јапонскиот сопственик на огромниот товарен брод „Ever Given“, кој заглави во Суецкиот канал, денес се извини за инцидентот што ја наруши глобалната пловидба.

Тој додаде дека работи со неговата компанија и локалните власти да исплови бродот, но, како што рекол,  „операцијата е исклучително тешка“.

Бродот кој носи товар помеѓу Азија и Европа под знамето на Панама, се насука дијагонално во вторникот во тесниот вештачки канал што ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров откако изгуби контрола при силните ветрови и прашина, соопшти Управата на каналот Суец (СЦА), пренесува CNN.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button