МАКЕДОНИЈА

Се кае ли за нешто екс министерката Јанкуловска, еве што вели нејзиниот сопруг

Запрашан дали неговата сопруга и екс министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, се кае за некоја нејзина постапка додека беше дел од владата на Никола Груевски, нејзиниот сопруг, Влатко Илиевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, вели:

„Каење има дека не си заминала порано од политиката, бидејќи дефинитивно, на тој труд и време одвоено и за потребите на министерството и за партиски потреби, секако дека на друга работна позиција ќе имала поудобен живот. Од денешна гледна точка многу е полесно да се заземаат некои ставови, но тогаш, кога сте во машината и со огромни проблеми на дневна основа, човек можеби не може да ја согледа целата слика и да се повлече кога е неопходно“, вели Илиевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button