ВЕСТИЗДРАВСТВО

Се најавува и 4 доза за вакцината против Ковид, а веќе е објавено и кој би требало да ја прими

Луѓето со некои здравствени компликации кои ги прават благо или сериозно имунокомпромитирани би можеле да примат четврта доза од вакцината mRNA за ковид-19, според најновите инструкции од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пренесува Си-Ен-Ен.

Установата одобри трета доза во август за одредени имунокомпромитирани лица постари од 18 години. Тие рекоа дека е потребна трета доза, бидејќи имунокомпромитираните лица можеби немале целосен имунолошки одговор по првите две дози.

Студијата на Универзитетот Џон Хопкинс ова лето покажа дека вакцинираните имунокомпромитирани лица имаат 485 пати поголеми шанси да завршат во болница или да починат од ковид-19 во споредба со повеќето вакцинирани лица.

Истражувањата покажуваат дека бустер дозите го зголемуваат одговорот на антителата на вакцината кај одредени имунокомпромитирани индивидуи.

Ова доведе до потреба од четврта доза која се советува да се земе најмалку шест месеци по примената  третата доза на вакцината mRNA. Во овој момент, ЦДЦ нема директна препорака за четврта доза од вакцината, туку остава за тоа да се одлучи по консултација со своите лекари.

Како што се наведуав во текстот, умерени до сериозно ослабени поединци се оние кои се подложни на третман за рак или тумори на крвта, одредени трансплантации на органи и приматели на матични клетки, луѓе со напреднат или нетретиран ХИВ и оние кои земаат високи дози на кортикостероиди или други лекови кои би можеле да го блокираат нивниот имунолошки систем.

ЦДЦ проценува дека околу 9 милиони луѓе, или околу 2 отсто од населението на САД, спаѓаат во оваа категорија.

Дури и ако се вакцинирани, ЦДЦ препорачува луѓето со состојби кои го ослабуваат нивниот имунолошки систем да продолжат да избегнуваат преполни и слабо проветрени места и да носат маска во затворени простории.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button