ВЕСТИСВЕТ

Се намалува нивото на водата за ладење на реакторот на централата „Запорожје“, предупредува шефот на МААЕ

Нивото на водата во резервоарите за ладење на реакторот во нуклеарната централа „Запорожје“ опаѓа за пет до седум сантиметри на час. Ова во интервју за Си-ен-ен го изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој посочи дека доколку најголемата нуклеарна централа во Европа остане без вода, тоа би било многу сериозна ситуација.

Нивото на водата во резервоарите може да варира и натаму, но генералниот директор на МААЕ предупреди дека ситуацијата може да стане сериозна доколку резервоарите на нуклеарната централа останат без вода.

„Таму има резервоар и голем број внатрешни канали кои обезбедуваат водата постојано да циркулира за да може постојано да се ладат реакторите. Ако централата остане без вода, ќе имаме многу сериозна ситуација“, изјави Гроси во интервју за Си-ен-ен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button