ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Се очекува став на СПЦ за разговорите со МПЦ-ОА

Денеска во Белград треба да се одржи седница на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) по што се очекува да биде соопштено до каде е дојдено во разговорите со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Годишната седница на Соборот на СПЦ редовно се одржува во мај и на неа присуствуваат владици од Србија и странство.

На Соборот се одлучува со мнозинство гласови, а гласот на патријархот е пресуден само кога тој однос е изедначен, но добива на тежина со неговиот личен авторитет. На крајот од седницата Соборот издава соопштение за донесените одлуки, но не се исклучени и соопштенија во текот на нејзиното одржување за некои особено важни прашања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button