ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Се отворија терасите на кафулињата и рестораните, ќе работат до 20 и 30 часот

Летните тераси и бавчите на угостителските објекти по три недели повторно отворени за гости. Најголемиот дел од угостителите ги отворија локалите, останатите кои ги реновираа објектите тоа ќе го сторат за некој ден. Со работа ќе може да почнат и категоризараните објекти за прослави но да работат како и останатите угостителски објекти, без свадби, родендени, и останати семејни прослави. На оваа тема угостителите ќе преговараат со властите по празниците.

„Очекуваме дека барем во отворениот дел од тераси ќе може да се дозволи по одредена методологија да може да се прават, сега не би ги нарекол забави но да биде организиран настан каде ќе може да дојдат на ручек поголем број на луѓе да одбележат некоја свеченост секако запазувајќи ги сите протоколи“, изјави Мартин Ангеловски, туристичко угостителска комора.

Во Старата скопска чаршија поголемиот дел од угостителските објекти беа отворени, дел се реновираа а дел се уште беа затворени, поради рамазанските пости и тие ќе отворат по празниците.

Со отворањето на угостителските објекти се врати и животот во Старата скопска чаршија. Не само граѓаните од Македонија, туку и оние малкумина странски туристи кои се во главниот град ја посетија чаршијата за да се напијат кафе, чај или да ручаат, или пак едноставно да прошетаат по старата калдрма.

Угостителите велат дека во локалите е безбедно, со придржување на мерките не треба да има простор за паника.

„Мислам дека ќе се вратиме во реалност, имавме тешкотии досега но со тек на времето ќе се подобри ситуацијата, економската криза влијае за сите лошо“, вели еден угостител.

Угостителските објекти од денеска до 15 мај до кога важат најновите мерки на владата имаат право да работат со гости до 20:30 минути. Мерките нема да важат за угостителските објекти на аеродромите, но и во хотелите и останатите сместувачки капацитети за гостите кои , се сместени тие објекти.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button