ЗДРАВСТВО

Сè повеќе деца стануваат шеќераши

Алармантно зголемување на бројот на заболени од дијабетес. العاب تربح مال Од 45 илјади граѓани кои боледуваат од оваа болест, околу 500 се деца. Во споредба со пред две години, болеста од типот 1 била констатирана кај двојно повеќе деца. Од Здружението на деца со дијабетес велат дека ова зголемување било забележано кај оние кои го прележале корона-вирусот.

Пациентите со дијабетес бараат Министерството за здравство да ја заврши постапката за промена на моделот за набавка на гликометри, ленти и мерачи на шеќер во крвта за да се отстранат од тендерската постапка за набавка на инсулин и да бидат достапни во сите аптеки. Постојаниот мониторинг со електронски чип сè уште го нема на пазарот. العاب الربح

За јавните набавки рекоа дека државата веќе обезбедила средства, распишан е тендер, но пропаднал. Оттаму бараат здравствените власти итно да го решат проблемот. Пациентите реагираат и на односот на министерот за здравство Беким Сали кон здруженијата. Велат дека во последните шест месеци се обиделе да дојдат до него за да најдат решенија за проблемите, но без успех. العاب عمل في الشركة

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button