
Ние ќе го направиме сѐ она со што може да се ограничи цената, а што нема да влијае на дисбаланс на пазарот, бидејќи потврдивме и покажавме дека може да се направи, а притоа да нема недостиг на пазарот, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Ние правиме анализи за сите производи, дел од тие анализи се готови, меѓутоа мора да бидат усогласени и со други министерства. Во моментот работат Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, нормално во соработка со производителите и со преработувачите, за да може да бидат донесени одлуки коишто ќе бидат добри и во интерес на граѓаните, меѓутоа и на вработените во фабриките што произведуваат, рече Ковачевски.