ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се предлага граѓаните да имаат право на избор за менување на родот

Владата предлага закон со кој ќе се озвоможи декларативна промена на полот. Нацртот кој наскоро ќе биде претставен пред пратениците во Собрание го содржи знамето на ЕУ. Во Законот за матична евиденција, Владата предлага да се додаде одредба со која се овозможуваат истополови бракови и со различен пол (во законска смисла).

Закон за матична евиденција, член 1-а, точка 8
„Родов идентитет “– претставува внатрешно и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, како што се: име, облека, говор и манири.”

Со предложените одредби се олеснува постапката со тоа што се сведува на декларирање од страна на личноста и заверување на нотар.

Закон за матична евиденција, член 19-в
“Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање“.

Од Алијанса за Албанците, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го поддржат законот.

„Посветени сме на зачувување на семејните вредности и институцијата семејство, како и на борбата против појавите кои го напаѓаат ова основно ткиво на општеството“, велат од Алијанса за Албанците.

„За нас е неприфатливо да се уништи традиционалното семејство и да се дозволи друг тип на општествена организација која сака да го злоупотреби поимот семејство“, нагласуваат од Алтернатива.

„ВМРО-ДПМНЕ е против ова законско решение со кое се создава основа во иднина да се измени Законот за семејство со кој се регулира бракот и семејството како заедница меѓу жена и маж“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека овој закон има за цел да ги заштити граѓаните и државниот буџет од судски одлуки во Стразбур.

„Државата плаќа отштета како резултат на одлуките на Судот за човекови права во Стразбур, и наша обврска останува да ги заштитиме граѓаните и буџетот“, нагласуваат од СДСМ.

Од ДУИ избраа да молчат. На предлогот зкаонот од Влада покрај поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ е и името на заменик министерот за правда од редовите на ДУИ, Агим Нухиу. Сегашниот закон го претставува семејството како заедница меѓу маж и жена ,како и деца и други членови на семејството, односно предци и потомци.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button