ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Се продлабочува проблемот со недостигот на педијатри во земјава

Македонија се соочува со сериозен недостиг на педијатри, а добар дел од повозрасната генерација на лекари се пред пензија, алармираат од фелата. Ако нешто не се преземе, проблемот на ниво на држава, уште повеќе ќе се продлабочува, а тоа најмногу ќе го почуствуваат најмалите пациенти.

„Има сега многу што ќе се пензионираат педијатри. За жал тоа е огромен број на професори педијатри и веројатно тука ќе има дефицит на многу педијатри и дополнително во секој град од државата. Навистина е многу жална таа слика што нема педијатри во секој град во Македонија, затоа што е неопходно да има педијатри. Неможе општите лекари да третираат дете. Детето е посебна и специфична патологија“, рече Мирјана Поповска, потпретседателка на педијатриско здружение.

„Ќе се надокнади тој број, меѓутоа има периоди, како вакуми доаѓаат. Одат многу во пензија или во приватно, па повторно доаѓа една нова група на педијатри.Јас мислам дека тоа ќе се компензира“, вели Татјана Јачовска, претседателка на педијатриско здружение

прашање: Сметате ли дека е недозволиво е за Охрид да остане без педјатри?

„Видете тоа се политики. Кога не се реагирало на време или отишле во приватно“…., додава Јачовска.

Поповска вели дека треба да се мотивираат младите лекари да специјализираат педијатрија.

„Да се најде начин како таа специјализација што побрзо да ја поминат и да имаме млади кадри и тие да бидат мотивирани, стимулирани и финансиски, но и статусот на педијатарот во нашата држава треба да се подобри“, вели Мирјана Поповска, потпретседателка на македонско респираторно педијатриско здружение.

Ако состојбата не се подобри, тоа најмногу ќе го почуствуваат најмладите пациенти, каков што е случајот во Охрид, каде за време на викенди, празници или во вечерните часови се принудени да патуваат до Струга..И во Струга од шест педијатри, дел се пред пензија. Во Струга се лекуваат и пацинтите од Ресен и Дебар.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button