ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Се прошири листата на дејности кои ќе работат во недела

Наместо да се овозможи што повеќе работници да имаат слободен ден секоја недела, власта го зголеми бројот на дејности кои и натаму ќе работат во последниот ден од седмицата. Активистите обвинуваат дека бројот на дејности кои ќе работат во недела се искачи од 39 на 41. Алсат имаше увид во листата на дејности кои ќе работат и во недела и на неа се дејности од областа на земјоделството, рударството, прехранбената индустрија, аптеки, транспорт, филмска дејност, телевизиска програма, противпожарни и здравствена заштита.

Информациите на Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ се дека со посебен правилник ќе се проширува листата на вработени кои се од таканаречените помошни или придружни дејности и кои ќе мора наместо дома во недела да одат на работа.

„Не знам која е причината да работат трговци центри, рудници, производство на плочки ви се молам. Ова законско решение го бараме бидејќи пред тоа не се почитува прекувремената работа и не се почитувал трудот на работниците“, изјави Кристина Ампева „Гласен текстилец“.

Министерката за труд Јагода Шахпаска вели дека законот се прави за да биде во корист на работниците. Таа тврди дека ќе работат само оние дејности кои се неопходни за непречено функционирање на државата.

„Кога велам неопходно функционирање, мислам на не сите вработени во овие дејности. Туку минимумот на работници што се неопходни за да може ние да имаме струја, вода, да работат телефоните, собирање на сметот, здравствена заштита“, рече Шахпаска.

Првично, актуелната власт најавуваше дека во недела на работа ќе бидат само вработени во дејностите од витално значење за општеството, како што се полиција, здравство, противпожарна бригада. Сега активистите ни синдикалците  не можат да дадат ниту забелешки на предлог законот затоа што парламентарното мнозинство не дозволува да се организираат јавни дебати со засегнатите страни.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button