ВЕСТИЗАБАВА

Се сеќавате ли на албумите со самолепливи сликички од детството?

Кога бевме мали немавме дигитални уреди каде што можевме да гледаме цртани филмови кога и да посакаме како децата денес. Нашата прва забава во боја беше боенка додека не знаевме да читаме. Таму чкрткавме и си боевме колку што сакаме. Тоа беше нашето креативно поле. Кога тргнавме на училиште, боенките веќе ги доживуваме како детски играчки и сакавме нешто друго.

Во тој период се појави албум со сликички од бајката за Пепелашка на Волт Дизни.  На телевизија ја гледавме повремено, уживавме читајчи ја бајката на глас пред нашите родители за да покажеме колку добро сме научиле да  читаме.

Сликичките за албумот се купуваа во локалните гранапчиња близу местата каде што живееме и во книжарниците близу училиштето. Често пати знаевме да се договориме со другарките и еден од родителите да не вози до друга книжарница каде има сликички за купување, оти во нaшата ни се  “паѓаа” истите.

Колкава само беше возбудата со секое отворање на пакетчето со пет сликички внатре, па потоа лепењето во албумот, уште ако сите пет беа нови на радоста и немаше крај. Навечер, се собиравме пред нашите куќи и згради за да се менуваме со тие што ни беа дупликати.

Иститите правила важеа и за албумите за сликички од детски чоколади тоа што имавме поголемо задоволство при купување и собирање на сликичките бидејќи претходно го јадевме чоколадото, а потоа ги лепевме сликичките.

Откако ќе се наполнеше албумот, на задовoлството му немаше крај. Пополнетиот албум се испраќаше на соодветна адреса и се добиваше некаков подарок како награда за трудот.

Извор: hybrid.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button