ВЕСТИЗАБАВА

Се сеќавате ли на пријателот од детството?

Во детството, пријателствата најчесто се базираат на споделување играчки и задоволство кое потекнува од исполнувањето на заедничките активности. Овие пријателства се проследени со љубов, безгрижност и забава.

Позрелите деца стануваат помалку индивидуални и повеќе зависат од други. Почнуваат да го сфаќаат погледот на пријателите и уживаат да учествуваат во групни активности. Исто така, искусуваат и отфрлање од поединци додека поминуваат низ средните детски години.

Оформувањето на добро пријателство во раните години му помагаат на детето полесно да се приспособи на општеството во понатамошниот дел од животот.

Во 1975 студијата “Bigelow” и “La Gaipa” дошла до сознание дека очекувањата за терминот “најдобар пријател” станале значително покомплексни со текот на растење на детето. Студијата дошла до ова сознание со испитување извршено врз 480 деца во границите од 6 до 14 години.

Увидени биле три фази на развој на очекувањата од другарството.
Во првата фаза најважно за децата е споделувањето на заеднички активности и географската близина.
Во втората фаза најважни се споделувањата, лојалноста и посветеноста.
Во третата фаза има значителна потреба од слични ставови, вредности и интереси.

Учењето од родителите може да биде корисно за децата при пронаоѓање на пријатели и развивање на пријателствата.

Студија изведена од истражувачи од “Purdue University” откриле дека другарствата формирани по средното образование траат подолго од оние формирани порано.

Тоа е резултат на искуството кое личностa го стекнала во периодот на адолесценција. Во тој период се градиме како личности, се запознаваме себе си, па според тоа подоцна во животот ги одбираме луѓето кои размислуваат слично како нас, имаат приближно исти интереси, слушаат иста музика или имаат сличен стил на облекување.

Потребата за пријател е уникатна и незаменлива. Пријателството е присутно во љубовните врски, во семејните односи и на работните места. Човекот не е комплетно исполнет ако овој дел е отсутен и недостасува.

Чувајте ги и негувајте ги своите пријателства. Тие се дел од тоа што сме денес и од тоа што можеме да бидеме утре.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button