ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Се спрема закон за возилата со странски таблички!

Возилата со странски регистарски таблички кои се возат низ земјава ќе се легализираат, односно ќе добијат таблички од Македонија. Владата сепак, не открива детали како ќе се спроведе тоа. Засега од Илинденска број два велат дека е рано да објавуваат повеќе информации бидејќи во следниот период ќе се подготвувало законско решение. Станува збор за возила кои се претежно од Бугарија, а ги поседуваат наши граѓани кои имаат двојно државјанство.

 

Министерство за економија:

„Во моментот се работи на драфт-верзија на законското решение со кое ќе се реализира оваа најавена мерка, која се очекува по усогласување со сите надлежни институции до крајот на годината да биде доставена на усвојување до Собранието.“

Премиерот Заев ова го нарече легализација на странските возила, а го најави како мерка со која владата идната година ќе се обиде да дојде до дополнителни пари во буџетот. Првичните пресметки се дека по овој основ во државната каса догодина ќе влезат околу 20 милиони евра.

„Неофицијалните информации до кои дојдовме се дека сите граѓани коишто имаат возила со странски регистарски таблички ќе добијат извесен период во кој ќе треба да ги префрлат регистрациите на македонски таблички, а за тоа од државата ќе добијат одредени бенефиции и попусти.“

Според информациите кои ги добивме од Царинската управа во текот на оваа година најголем дел од увезените возила се од државите од Европската Унија, односно од Германија, Бугарија и Словенија. Помал дел се и од САД. Во моментов за регистарските таблички да бидат префрлени од странски на македонски, сопственикот на возилото треба 23 отсто од цената по којашто го купил да ги плати за царина и данок.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button