ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се спремаат нови мерки за скапотијата, на владина седница во вторник

Се спремаат нови мерки за скапотијата, на владина седница во вторник

Од понеделник се очекува интервенција во цената на маслото за јадење која би се намалила за 7 до 8 денари, а во вторник на владина седница да биде предложено производителите да не можат да одредуваат цена на производ впишана на амбалажата по која ќе се продава во продавниците, односно таканаречениот рабат. Како трета мерка ќе биде предложенo ограничување на дополнителните трошоци на 10 и 20 проценти за одредени производи, како што е на пример транспортот. По високиот раст на цените економските експерти велат дека само со целосно замрзнување на цените на дел од производите ќе се постигне ефект на нивно намалување, сè друго ќе нема влијание.

„Мерката за замрзнување на маржите до некаде ја контролира инфлацијата, ама не доволно. Потребно е да има построги контроли на профитите на фирмите што во пракса најлесно се постигнува преку замрзнување на цените на производите. Кога имате ограничување на цена – да кажете зејтинот не може да надмине 120 денари, тука нема простор за малверзација. Ако некој супермаркет го продава 125 денари, го казнувате веднаш,“ рече Бранимир Јовановиќ, универзитетскиот професор.

Владините мерки престанаа да важат пред десет дена, по што цените на основните прехранбени производи пораснаа и за 20 проценти. Власта првично не планираше да носи нови мерки, но по анализите дека некои трговци и производители манипулираат, се одлучи повторно да интервенира. Предлозите за нови мерки се очекува да бидат разгледувани на владина седница следниов вторник.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button