МЕТРОПОЛ

Се тестира најголемиот автономен електричен товарен авион досега

Технологијата на целосно самоуправувачки возила и превозни средства напредува, па и беспилотните летала веќе се користат за различни цели. А, сега е претставен и најголемиот автономен електричен товарен авион досега.

Станува збор за авионот „Пеликан карго“ (Pelican Cargo), произведен од компанијата „Пајка“ (Pyka), со средиште во Калифорнија (САД). Се работи за нова компанија со нагласка на технологијата за самоуправувачки превоз и пренос, која во 2020 година произведе и авион за прскање пестициди наречен „Пеликан спрејер“ (Pelican Sprayer).

– Го дизајниравме овој авион и со цел отстранување на испуштањата ЦО2 од логистичкиот синџир, притоа нудејќи значително поголема брзина во споредба со копнениот превоз, додека оперативните трошоци се дел од конвенционалниот воздушен превоз, изјави Мајкл Норсија, извршен директор и со-основач на „Пајка“.

„Пеликан карго“ може да лета 321 километар со товар до 180 килограми. Користи литиум-јонска батерија од 50 киловат-часови, Може да достигне брзина меѓу 148 и 167 км/ч., а има четири електромотори од 33,5 коњски сили, а има и резеервна енергија.

Авионот е долг 7,3 метри и висок 2,1 метар, а распонот на крилата му е 11,5 метри. „Пеликан карго“ е опремен со шест процесори сместени во два посебни компјутери, што може да обработат милиони податоци собрани со радарот „Лидар“, ласери свртени надолу и носачи на податоци. Леталото е оспособено за додатна инерција, и динамично пренасочување преку сателитска врска. Има и резервен падобрански систем и користи најсовремена 3-Д воздушно мапирање и препознавање пречки на пистата.

Новиот модел на авион е во фаза на тест во фабрика во Калифорнија. Првиот комерцијален лет се очекува во втората половина на оваа година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button