
Фудбалската Федерација на Македонија пред неколку денови објави видео во кое беа прикажани условите во кои тренира и престојува нашата фудбалска иднина и најави дека во за краток период сето тоа ќе се промени.
Новото раководство на ФФМ на чело со првиот човек Масер Омерагиќ, веднаш по неговото избирање најави дека негов прв приоритет ќе биде подобрување на условите кои ги имаат младите фудбалери. Омерагиќ заедно со Горан Пандев и Ѓорѓи Христов беа во посета на фудбалерите родени 2011 година кои се на камп во Струмица и од таму им порача дека во иднина сите генерации ќе работат во многу подобри услови.
„Создаваме иднина. Се трудиме да создадеме совршена средина за напредок на младите таленти. Во најсовремени капацитети, професионален тренерски кадар и фокус на развој на фудбалски и човечки вештини. На тимска работа Уживање за нас гледајќи ги на терен, максимално искористувајќи ги одличните услови“, стои во објавата на ФФМ.
Од ФФМ најавија дека ситуацијата наскоро ќе се подобри и дека промените ќе зборуваат само по себе.