ЕКОНОМИЈА

Се укинува дополнителната акциза од два денара на дизел горивото

Од денеска се укинува зголемената акциза од два денари за дизел горивото. Според законското решение, доколку 14 дена цената на светските берзи надминува 600 долари по тон, во Македонија нема да се наплаќа по дополнителни два денари за наточен литар дизел гориво. Акцизата за дизелот сега ја има основната вредност од 15,5 денари по литар, вели за Алсат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

„Во периодот од први до 15ти јули цената на дизелот на светските берзи изнесува околу 605 долари за тон, и врз основа на тоа ние како Регулаторна комисија за енергетика мора да го почитуваме овој закон и акцизата за дизелот ја намалуваме за два денари“, рече Бислимовски.

Намалувањето на акцизата за дизел горивото доаѓа во време кога во Собранието е поднесен закон за нова давачка, а тоа е таканаречената еколошка такса. Кога таа давачка ќе биде усвоена во законодавниот дом граѓаните нема да почувствуваат никаква позитивна промена во однос на цената на дизел горивото. Регулаторот вели дека има обврска при пресметката тогаш да ја вкалкулира и еко-таксата.

„Ние како Регулаторна комисија за енергетика сме обврзани тоа да го имплементираме и во нашите одлуки. Така да, и кога ќе се воведе еколошката такса се уште цената на дизелот ќе биде далеку поевтина од другите земји во Европа. Единствено ќе имаме цени како во Босна и Херцеговина“, додава Бислимовски.

,Првично Владата преку уредба со сила на закон и тоа како антикризна мерка донесе зголемување на Акцизата на дизелот од дополнителни два денари.

„Се осигуравме да нема висок раст на цените на горивата, така што ставивме варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза. Така, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува што ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас.“

Инаку, на полноќ па во следните седум дена дизелот ќе се продава за два денари помаку во однос на минатата недела и ќе изнесува 61 денар за литар, а пак кај горивата има раст за половина денар и ќе се точат по цени од 72,5 за 95-та и 74,5 за 98-та.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button