ВЕСТИРЕГИОН

Се урна рингишпил во БиХ, има повредени деца

Четири деца се повредени во Добој, северна Босна и Херцеговина, откако се урнал рингишпилот на кој се забавувале, објави босански Фактор.

Според изјавата на дежурната лекарка во „Здравствениот дом Добој“, Ивана Дедиќ, децата првенствено биле згрижени и по протокол веднаш биле пренесени на дијагностичко-терапевтско лекување во болницата „Добој“.

Станува збор за отворени повреди на главата и на лицето, но сите деца биле свесни. Нивните животи не се во опасност.

Екипите за итна помош пристигнале за 2-3 минути, но родителите веќе самите ги однеле децата во медицинскиот центар.

На местото на настанот имало и полицајци кои заедно со родителите ги извлекувале децата од под конструкцијата на рингишпилот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button