ВЕСТИСВЕТ

Се урна руски воен авион

Руски воен авион се урна во областа Белгород, објави регионалниот гувернер на овој руски регион, Вјачеслав Гладков, на својот канал на Телеграм.

„Авион на Министерството за одбрана се сруши на подрачјето на градот Валука. На местото на настанот излегоа итните служби и тим истражители“, напиша тој.

Од руското Министерство за одбрана за новинската агенција ТАСС информирале дека авионот се урнал на граница на населено место. Пилотот успеал да се евакуира, но неговата состојба во моментов е непозната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button