ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сè уште нема решение за учениците од селото Брњарци и од Идризово

Учениците од селата Брњарци и Идризово во општина Гази Баба го продолжуваат бојкотот. На учениците во Брњарци не им се дозволува да учат во училиштето во нивното село, па мораат наставниот процес да го следат во училиштата во Арачиново, пешачејќи повеќе од 3 километри. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски ниту денеска не одговори на телефонските повици на Алсат. Додека тој молчи, Алсат за му се обрати на премиерот Заев. Тој пак, вели не бил многу запознаен со случајот, но смета дека причината лежи во недостигот на простор во училиштето.

Директорот на основното училиште на Арачиново, Азам Аки, вели дека бојкотот е на штета на учениците, особено на оние во прво и второ одделение.

„Многу работи се на штета на децата. Да изгубите еден час е штета. Родителите беа тука и рекоа дека ќе го продолжат бојкотот. Најдобро е, ако се согласи градоначалникот, прва смена да учи македонската страна, попладне ние. Ние како училиште веќе имаме можност, ќе ги покриеме сите трошоци.“

Родителите на децата исто така бараат учениците да учат во различни смени.

„Поставуваме мирни барања, а не со насилство. Ако не сакаат да ги мешат учениците, нивните деца нека учат наутро, а нашите деца попладне или обратно.“

 Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, неколку дена пред почетокот на учебната година рече дека не може да дозволи учениците да го користат истото училиште поради здравствените протоколи. Во периферното училиште „Крсте Мисирков“ во Брњарци малкумина ученици следат настава на македонски. По завршувањето на нивните часови, училиштето се затвора, па околу 60 ученици Албанци кои живеат во истото село, мора да одат на настава во Арачиново.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button