ЗАБАВА

Се венчале преку „зум“ иако никогаш во животот се немаат сретнато

Еден пар кој живее далеку еден од друг, решил да се венча иако никогаш досега не се запознале. Ајсе (26) и Дарин (24) се запознале за време на изолацијата откако Ајсе влегла во онлајн група. Почнала да разговара со 56-годишна жена по име Кенда, која ја поврзала со нејзиниот син Дарин.

„Смешно е што ја запознав свекрвата пред да го запознам сопругот“, рекла Ајсе. Таа рече дека одлично се забавувала со нејзината свекрва. „Убаво си поминавме, па кога ми предложи да разговарам со нејзиниот син, помислив дека е одлична идеја, иако на почетокот бев малку нервозна затоа што имав видено слики од него и изгледаше прекрасно“, додава таа.

Многу брзо стапиле во контакт и по некое време решиле преку платформата „Зум“ да се верат и да се венчат. Нивната средба беше оневозможена поради рестрикциите со КОВИД-19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button