МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ

Се влечкаат работите за изградба на патот Скопје – Блаце

Пред околу месец и половина започнаа работите за автопатот Скопје – Блаце, но од тогаш до сега, може да се види дека се исчистени само дрвјата и ништо повеќе.

Иако работите требаше да започнат напролет, на терен се уште се прават само подготовки за почеток на градбата. Во септември работеше еден багер кој расчисти дел од теренот.

„Работите се изведуваат според предвидената динамика и нема одложувања во роковите. Изведувачот е активиран  на 20.07.2020 година, а крајниот рок за завршување е 18 месеци од почетокот на работите. Првата фаза се очекува да заврши во рамки на договореното  според Договорот, но треба да се земе предвид и ситуацијата со ковид 19 “, наведуваат од Јавното претпријатие за државни патишта

Министерот за транспорт Бочварски претходно најави дека ќе ја следи динамиката на работите и доколку има одложувања, ќе се изврши притисок врз изведувачите.

Но, сега од Министерството за транспорт велат дека обврските за реализација се на Јавното претпријатие за државни патишта.

“Министерството за транспорт и врски не склучи договор за изведувач на работите, договорот е склучен од Јавното претпријатие за државни патишта и тие го следат спроведувањето на договорот, обврските на изведувачот и надзорот”, наведуваат од Министерството за транспорт и врски.

Автопатот Блаце-Скопје треба да се гради во две фази. Првата делница е долга 2 километри и треба да биде готова за 18 месеци. Додека втората делница е долга над 10,5 км и треба да заврши за 36 месеци, односно во текот на 2023 година. Вкупната вредност на автопатот Скопје-Блаце од 12,5 км се проценува дека ќе чини 110 милиони евра.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button