ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се враќаат гужвите пред пунктовите за вакцинација во Тетово

Се вратија долгите чекања пред регионалниот пункт за вакцинација во средното медицинско училиште во Тетово. Меѓу толпата, камерата на  Алсат сними и луѓе кои чекаа на ред без маски.

Вие сте без маска. Не се плашите дека можете да се заразите?

„Чекам два часа, но не, не се плашам. Чекам, задолжително е да се земе вакцината.

Но, зошто не ја носите маската?

“Па морам да запалам цигара”.

“Чекам два часа, за втората доза. Ми дадоа термин во 10 и 10, но нема ништо.

„Еве ја маската, но не ја носам многу, има редица, има многу луѓе“.

„Имам термин во 11:35 часот, но сега велат дека системот паднал, втората доза беше закажана за во 9:30 часот, а ние што сме во 10:30 часот треба од 13 и 20 часот, ова не е нормално. Државата ни вели да се вакцинираме, државата не кочи, сирот овој народ. Оваа гужва не плаши затоа што не знаеме дали се вакцинирани, маски не држат, државата вода мора да ни даде да чекаме два или три часа“.

Доцнењата се последица на честите проблемот на системот, но и недоволно кабини, вели дежурниот лекарот.

Причината е што ревакцинацијата се случува овде во училиштето, само овде, затоа имаме многу гужви надвор. Друга причина зошто е тоа што имаме системски проблеми. Од наутро имаше неколку часа што не работеше, 30 минути или еден час не функционира како што треба, па затоа малку заостануваме со закажување термини“, изјави Д -р Едона Салии.

За разлика од претходниот период, во последните недели има зголемен интерес за вакцинација во тетовскиот регион. Сега, според Министерството за здравство, процентот на вакцинирани лица во тетовскиот регион достигна 37 % од 19% колку што беше. Во споредба со другите градови, вакцинацијата во Тетово се уште останува на ниско ниво. Во тетовската болница се хоспитализирани 106 лица, што е помала бројка во споредба со претходните денови. Но, повеќето се со терапија со кислород. Во последните 24 часа, од корона вирусот починаа 4 лица.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button